Скопје, 14 август 2010 год- храмот на св.Петка
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 73)
Во она време се приближија до Петра оние што собираа дидрахми и му рекоа:„Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?“ Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?“ Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече:„3начи, синовите не плаќаат; но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба, што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ѝ ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го за Мене и за себе!“
Во тој час се приближија учениците до Исуса и рекоа: „Кој е поголем во царството небесно?“ И како повика Исус едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно: кој, пак, ќе се смири како ова дете, тој е поголем во царството небесно.
На 14 август 2010 година, во 12-ттата недела по Педесетница, на празникот на седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар, во храмот посветен на св.Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Лето Господово 2010