Скопје, 17 јули 2010 година- храмот на св.Петка
На 17 јули 2010 година, во Осмата недела по Педесетница, кога Светата Црква го слави споменот на преподобен Атанасиј Атонски и преподобен Лампад, во храмот на св. Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 32)
Во она време, некаков началник се приближи до Исуса, Му се клањаше и велеше: „Ќерка ми умре сега; туку дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее.“ И како стана Исус, тргна по него, заедно со учениците Свои. И ете, една жена, која беше страдала дванаесет години од крвотечение, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова. Зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.“ А Исус штом се заврте и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!“ И оздраве жената во тој час. И кога дојде Исус во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот збунети, им рече: „Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. Но штом го истера народот, Он влезе, ја фати момата за рака и таа стана. И се расчу тоа по целиот тој крај.
Лето Господово 2010