Седмица 5-та по Педесетница

bogorodica.k.dol.jpg

СРЕДА
Во секој човек кој живее непокајано во грев, живее и бес, кој, како во куќа, располага со сето што  е во него. Кога грешникот , по благодатта Божја доживее покајание поради своите гревови, се кае и престанува да греши, ѓаволот се изгонува од него. Тој во почетокот не го вознемирува, бидејќи во покајникот е многу ревност која како оган ги согорува бесовите и ги одбива како стрела. Меѓутоа, кога ревноста  почнува да се оладува, ѓаволот пристапува оддалеку со своите предлози, уфрлајќи  сеќавање на поранешните задоволства и  повикувајќи кон нив. Покајниче, чувај се добро, бидејќи од врзувањето со чувство кон нив брзо се преминува во желба. И ако  и тука не се опаметиме и не вратиме во состојба на поранешната  трезвеност, падот нема да биде далеку. Од желбата се раѓа наклоност кон гревот и решеност, и внатрешниот грев веќе е готов. За надворешниот пак , само се чека поволна прилика. Се укаже ли таа – гревот ќе се направи. Со тоа и бесот повторно влегува  и почнува да го гони човекот од грев кон грев, и тоа уште побргу од порано. Господ тоа го опиша во приказната за повторното враќање на бесот во исчистен и изметен двор (Мт. 12, 42-45).

 

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 

 Друго: sv.Ilarion.novi.jpgОд Верскиот календар на МПЦ (19.06.2010) 

 

Предговор


Друго: bogorodica.k.dol.jpg

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА