Скопје, 18 јуни 2010 год.- храмот на св. Петка
На 20 јуни 2010 година, во Четвртата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Теодот Анкирски и преподобен Даниил Скитски , во манастирската црква посветена на Успението на Пресвета Богородица, во кањонот Матка, во Скопје, се ослужи Божествена Литургија.Верниот надор на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни .
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 20)
Рече Господ: „Не судете, за да не бидете судени; оти, со каков суд судите, со таков ќе бидете судени; со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери. Зошта ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во своето око не ја чувствуваш? Или, како ќе кажеш на брата си - чекај да ти ја извадам раската од окото; а, пак, ете, во твоето око има греда? Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на брата си. Светињата не ја давајте на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и, откако се повратат, да не ве раскинат. Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; зашто секој што сака, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука, ќе му се отвори.“
Лето Господово 2010