Седмица 4-ра по Педесетница
ПЕТОК
И, ако знаевте што значи:Милост сакам а не жртва, немаше да ги осудите невините (Мт.12,7). За да се избавиме од гревот на осудувањето, треба да имаме милостиво срце. Милостивото срце не само да не сака да го осуди оној кого го сметаат за престапник на законот туку ни оној чиј грев им е очигледен на сите . Наместо да суди, тоа ќе има сожалување, и попрво ќе биде спремно да плаче, отколку да укорува. И навистина, гревот на осудувањето е плод на немилостиво и злорадо срце, кое наоѓа задоволство во понижување на ближниот , во оцрнување на неговото име, во понижување на неговата чест. Тоа дело е човекоубиствено, и се чини според духот на оној кој е човекоубиц од памтивека. Тука се случуваат и многу клевети кои произлегуваат од истиот извор, бидејќи ѓаволот и е ѓавол според тоа што клевети, и секогаш шири клевата. Побрзај да разбудиш во себе жалост секој пат кога во тебе ќе се појави зол повик на осудувањето. Со жално срце обрати се со молитва кон Господ сите нас да не помилува: не само оној кого сакавме да го осудиме туку и нас, и тоа можеби дури и повеќе отколку него. Така ќе замре злиот повик.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (18.06.2010)
Предговор
Друго:
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА