На 12 Јуни 2010 г., во Македонска православна богословија св. Климент Охридски во н. Драчево во Скопје, се отслужи Архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски, г. Агатангел, кој воедно е и ректор на богословијата. За сите присутни гости беше приреден свечен ручен по повод завршувањето на 42-та генерација млади богослови. На свеченоста говореше Неговото Преподобие г. Нектариј, кој беше избран од св. Синод на МПЦ како пратеник. Својата благодарност кон Бога и професорите ја искажаа завршените матуранти, ветувајќи дека и понатаму ќе бидат послушни и добри ученици.
На многаја љета идни наши свештеници и служители на Македонската Православна Црква!
Извор: Скопска епархија