Седмица 4-ра по Педесетница

bogorodica.k.dol.jpg

ВТОРНИК


Господ вели дека ние сме, кои не го слушаме Евангелието, слични на оние на кој им пеат весели песни – а тие не играат; или, на кого  им пеат тажни- а тие не плачат. Тоа значи дека сме слични на оние со кои ништо не може да се стори. Нам ни го ветуваат Царството небесно, пресветло и прерадосно, а ние ни да мрднеме- како нам да не ни се зборува. Ни претат со Судот  неизбежен и маки без крај, а ние не се вознемируваме- како и да не слушаме. Заборавајќи се, изгубивме секакво чувство на вистинската  самопочит. Идеме како водени право на погубување и не покажуваме никаква грижа за својот удел во тоа. Ги опуштивме рацете, се предадовме на  небрежност: што биде нека биде! Ете таква е нашата положба! Зарем не се ли поради тоа чести самоубиствата? И тоа е плод на нашето учење, сегашните погледи  на човекот и неговите знаења! Ете ви го прогресот! Ете ви ја и просветата! Поарно е да се биде краен незнаенко и со стравот Божји душата своја да се спаси, отколку да се придобие име на просветен, а загине  за навек, и сиот живот да не се сетиме  на тоа што ќе биде по смртта. Од словото Божјо за Царството небесно и адот нема да се изземе  ниту  едно слово. Оваа вистина секој нека ја прими во срцето како нешто  кое  се однесува лично на него, и нека се погрижи за себе колку му е можно и колку му останало уште време.

 

 

Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА

Извор: СВЕТОСАВЉЕ

 

 Друго: sv.Erazmo.Ohridski.jpgОд Верскиот календар на МПЦ (15.06.2010)

 

Предговор


Друго: bogorodica.k.dol.jpg

http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php

 

ПОНЕДЕЛНИК

НЕДЕЛА