Скопје, 10 јуни 2010 год.- храмот на св. Петка
На 10 јуни 2010 година, во Третата недела по Педесетница, кога Светата Црква го празнува споменот на Свети Никита Исповедник, епископ Халкидонски и светата маченичка Еликонида, во храмот на св.Петка во Скопје се ослужи Утрена богослужба.
ЧЕТВРТОК
Нема ништо сокриено, што не ќе се открие, или тајно, а да не се узнае (Мт.10, 26). Од тоа следува дека немаме никаква полза од обидот да ги сокриеме своите гревови. Ќе дојде време (а зарем е тоа далеку?) и се ќе се открие. Што тогаш да се прави? Не треба ништо да се сокрива!
Ако нешто си згрешил - иди и откриј го својот грев на својот духовен татко. Кога ќе добиеш разрешување, гревот исчезнува како и да не постоел. И тогаш нема да има што да се открие и да се појави пред сите. Ако го сокриеш гревот и не се покаеш, ти го чуваш во себе, за да тој во свое време се открие за твое разобличување. Сето тоа Господ однапред ни го открил, за ние уште тука да се потрудиме да го разоружаме Неговиот праведен и страшен Суд над нас грешните. ( св. Теофан Затворник)
Лето Господово 2010