Скопје, 7 јуни 2010 год- храм Св.Јован Крстител, н. Капиштец
Во третата недела по Педесетницата, кога Светата Црква си спомнува за Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител, во храмот посветен на светителот во населбата Капиштец, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Лето Господово 2010
Откако нераспадливата глава Претечева засветли од земјата, на верните им испушта занци на исцеление. Од висините собира мноштво ангели, а долу го повикува човечкиот род да Му испрати на Христа Бога слава едногласна.
свети Јован Крстител
Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на прогонството на Свети Јован Златоуст. А кога престана иконоборството, во времето на царот Михаил и патријархот Игнатиј, во 850 година, чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква.