логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


† СТЕФАН

 

ПО МИЛОСТА БОЖЈА
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ВЕРНИ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН,
ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!


Воскресение, црква св. Георгиј, Старо Нагоричане (кумановско), 14 век

Денес, нека се веселат небесата, нека се радува земјата;
нека празнуваат видливите и невидливите светови,
зашто Христос, нашата вечна радост – воскресна од мртвите!

(Пасхална песна)

Возљубени чеда во Господа,

 

Денес е Денот што е смисла на сите денови: денес е Денот што му дава значење на нашето постоење, Денот што го оправдува нашето создавање; денес е Денот што ја осмислува сета наша иднина! Денес е Велигден, Денот над деновите, во кој го чествуваме Торжеството над сите торжества – Воскресението Христово. Во тој настан се исполниле сите надежи, сите желби и потреби; се објасниле сите маки, страдања и сите неправди. Со воскресението на Христа Спасителот, осознаена е иднината, осмислено е минатото и разбрана е сегашноста.

Вековите се нижат, годините итаат, времето минува, но тој Ден, Денот на серадосното торжество - никогаш не завршува. Затоа и пее денес Светата Црква: овој ден го создаде Господ, да се радуваме и веселиме во него, зашто во мигот кога Христос воскресна и смртта ја победи, нè ослободи од ропството на гревот и ни ги отвори вратите на Небесното Царство, за да можеме да влеземе во радоста на Неговиот Отец, за да нè направи сонаследници на вечноста, да нè направи Свои браќа и синови на Севишниот.

 

Возљубени празникољупци,

 

Воскресението Христово е темелот на нашето верување, на нашата надеж и на нашиот подвиг. Тоа е доказот дека нашата вера не е празна, дека нашата проповед не е залудна (1 Кор. 15, 14) . – Па, ако Христос не воскреснеше, нашата природа сè уште ќе беше во оковите на смртта, сè уште не ќе бевме слободни од злото во нашиот ум, во нашите мисли, во делата, во волјата; не ќе можевме да се ослободиме од последиците што гревот ги нанесува и на нашето тело, како и од разните страдања, болести, умирања... Но, колку е сето ова победено и како е уништена смртта, кога ние сè уште умираме; како го нема гревот, кога во нас и околу нас царува злото?

По воскресението Христово, смртта е обезличена и обессилена. На оние што се исполнети со вера и љубов кон човекољубивиот Господ, гробот веќе не им е татковина, туку им е врата - премин кон вечното живеалиште; за нив упокојувањето не е веќе страв и ужас, ниту крај на животот, туку е почеток на вечната заедница со Бога. Само Христос е лекот од заразата на гревот и само тие што се хранат со живиот Господ, всушност, се хранат со Животот, зашто разбираат и гледаат дека е вистинито Господовото ветување: Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден... , и таквиот ... живее преку Мене (Јован 6, 54; 57). Затоа, светиот апостол Павле извикува: О, смрт, каде ти е осилото? Пеколу, каде ти е триумфот? Победата ја проголта смртта! (1 Кор 15, 54-55). Впрочем, зошто Бог стана човек и зошто требаше да воскресне? - Не само заради нашата гревовност, туку и заради нашето осветување, за да ги вклучи сите аспекти на нашиот паднат живот во вистинскиот живот, оној што никогаш не знае за смрт (В. Лоски).

 

Возљубени чеда во воскреснатиот Бог,

 

Без Црквата, која нашиот Спасител, Господ Исус Христос, ја плати со Својата пречиста Крв - нема христијанство! Таа заедница на личности, обединети со верата во Бога, на луѓе што живеат во Него и со Него, е единствениот чувар и проповедник на Вистината. Таа е просторот каде што сите сме едно, без разлика на возраст, статус и народност, простор каде што цел за секого е светоста, односно растењето по мерата на Христа. А, Црквата е нашата учителка на патот кон Бога. Затоа, таа постојано ни укажува како треба да живееме или, пак, нè опоменува ако сме застраниле од вистината и од човечкото во нас, нудејќи ни го лекот на покајанието. Па, може ли некој да ја замолкне мајката која го поучува своето чедо кое греши? Може ли некој да ѝ забрани да се грижи за него и да го одвраќа од лошите навики и од патот што води во пропаст? Ниеден систем, ниедно уредување не може да ја спречи Црквата да ја спасува секоја човечка душа, почитувајќи ја нејзината слобода, која, преку божественото просветлување, треба да ја доведе до совршено познание на вистината. Затоа, и нашата мајка Православна Црква, постојано ни го покажува патот на спасението и нè води кон Изворот на животот. Тој пат ни најмалку не е лесен, туку е исполнет со постојани искушенија, со маки, со злоба и завист. Но, само со Христа можеме да ги преживееме и надживееме сите страдања под крстот на својот живот. И колку се поголеми страдањата во нас, толку, преку Христа, е поголема и нашата утеха.

- Христос воскресна и Неговото воскресение е залогот на нашата победа над страдањата и злото во нас и околу нас!

 

Возљубени духовни чеда,

Нашиот македонски православен народ, верен на преданијата што ни ги оставиле светиот апостол Павле, светите рамноапостоли Кирил и Методиј, светите Климент и Наум - Охридските Чудотворци и сите од Бога прославени од нашиот род, достојно низ вековите го чествува овој Празник над празниците. Нашите постари, како ретко кој меѓу народите, вистински ја разбрале смислата на овој спасоносен ден, па затоа и го нарекле – Велигден, објаснувајќи ја суштината и големината на Денот над деновите.

Во годината, пак, кога со достојна почит го одбележуваме споменот од блаженото упокојување на големиот духовник и подвижник свети Наум (910 – 2010), да се потсетиме на надвремените вредности што му биле идеал на нашиот Охридски Чудотворец, а кои продолжиле да бидат следени и од многубројни духовници и исповедници во изминатите столетија. Каква духовна големина и светост имаме во нашиот свети Наум, потврдува молитвената почит што му се оддава, не само на неговиот гроб и во неговото светилиште, туку и на сите континенти, до каде што е пренесена почитта кон него.

 

Возљубени чеда на нашата мајка Македонска православна црква ,

 

Денес, но и во секој ден од нашиот живот, да ја прославуваме најголемата победа во историјата на човештвото, победата над смртта и гревот, да го славиме воскресението на нашиот Господ – кое е чудо над чудата. Да ја исповедаме и живееме својата православна вера и да ја сакаме и почитуваме својата Црква, која, како најнежна и најгрижлива мајка, нè повикува: Дојдете сите вие, браќа и сестри, кои се плашите од смртта и пристапете кон Христа воскреснатиот и воскресителот, и Тој ќе ве ослободи! Дојдете сите вие што живеете под срамот на своите тајни и јавни гревови, дојдете поблиску до живиот Извор, кој сè омива и очистува! Пристапете и сите вие кои барате здравје, сила, убавина и радост! Еве, воскреснатиот Христос е најбогатиот извор на сето тоа!

Испраќајќи ви го нашиот архипастирски благослов, вам, возљубени чеда, овде во Татковината и насекаде до каде што нè има по светот, посакуваме, исполнети со светинаумова кротост, со воскресенска духовна радост и меѓусебна љубов и единство, да ги дочекаме и прославиме велигденските празнувања. Пред нас е воскреснатиот Спасител и во Него е нашата бесмртност. Стани ти што спиеш и воскресни од мртвите и Христос ќе те осветли, ни порачува светиот апостол Павле (Еф. 5, 14).

Радоста на жените мироносоци, на апостолите и сите што се радуваа на празниот Христов гроб, нека биде и ваша радост. Амин!

 

Христос воскресе!

 

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ  

† СТЕФАН  

заедно со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква

 

КИРИЛ - Митрополит Полошко - кумановски
ПЕТАР - Митрополит Преспанско - пелагониски и
администратор Австралиско - новозеландски
ТИМОТЕЈ - Митрополит Дебарско - кичевски
НАУМ - Митрополит Струмички
АГАТАНГЕЛ - Митрополит Повардарски
МЕТОДИЈ - Митрополит Американско - канадски
ПИМЕН - Митрополит Европски
ИЛАРИОН - Митрополит Брегалнички
ГОРАЗД - поранешен Митрополит Европски
КЛИМЕНТ - Епископ Хераклејски

 

На Воскресение Христово - Велигден,
2010-то лето Господо


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

03/10/2025 - петок

Св.етиот великомаченик Евстатиј Плакида; Св. кнез Михаил и Теодор бојаринот; Преп. маченик Иларион; Св.е исповедници Aнастасиј и Aнастасиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември   2025

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември 2025

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителотваш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие.Единиот жив ковчег на благодатта...

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт  2 октомври/19 септември 2025

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт 2 октомври/19 септември 2025

Во Троица славениот Бог,тројцата маченици ги прослави,Трофим, и Саватија и Доримедонт:

Тропар на светиот Христов епископ преподобен Евмениј Гортински 1 октомври/ 18 септември  2025

Тропар на светиот Христов епископ преподобен Евмениј Гортински 1 октомври/ 18 септември 2025

Милостив Евмение, пастиру Христов,со помош Божја себе најпрво се излечи,соблекувајќи го стариот човек телото го умртви,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная