логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 HRISTOS.POGRBAN1.jpg

ВЕЛИКА САБОТА

 Во Великата сабота го совршуваме Погребението на Божественото Тело и слегувањето во адот на Господа и Спасителот наш, Исус Христос, со кој го обнови родот човечки од распадливост и го преведе во живот вечен.
 Затоа, со Своето неискажливо снисходење, Христе Боже наш, смилувај се над нас. Амин.
Синаксар

 Оној кој соединува сè, беше подигнат на Крст и сета твар ридаше гледајќи Го необлечен на Дрвото. Сонцето ги сокри зраците, ѕвездите го отфрлија својот сјај, земјата страшно се потресе, морето се повлече, а камењата се распаднаа. Многу гробови се отворија и тела на свети воскреснаа. Пеколот викаше, а Евреите се грижеа како да ги прошират лажните вести против Христовото воскресение. А жените воскликнаа: „Оваа е преблажената сабота во која Христос спие, но ќе стане во третиот ден!“
Утрена, Велика  Сабота

 HRISTOS.POGRBAN1.jpg

 Денес е во гробот Оној Кој на дланка ја држи сета твар. Камен го покрива Оној, Кој небесата ги покри со слава. Животот спие, пеколот се тресе, а Адам е ослободен од оковите. Слава на твоето благоустројување со кое сè си исполнил, дарувајќи ни ја вечната сабота, Твоето пресвето Воскресение од мртвите.
 Утрена, Велика  Сабота

 Читање од Светото Писмо:
 Утрена служба
 Послание до Римјаните 6, 3-11
 Свето Евангелие по Матеј 28, 1-20

Подготви: А.Л.


Од Верскиот календар на МПЦ 

Велика Сабота     18/04/2009


Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен). Побарана е стража од римски војници да Му го чува телото. Сепак, Он како оној што невино и неправедно а Божествен претрпел понижувања, страдања и смрт на крст, незадржливо воскреснал. Смртта и пеколот (демоните) не нашле начин да воспостават власт над Таквиот. Воскреснатиот Господ им се јавил на Своите ученици онака како што сведочат Неговите апостоли и евангелисти. Долгиот богослужбен ден на Велика Сабота завршува длабоко во ноќта со бдението пред Пасха. А на живоносниот Гроб Господов во Ерусалим се празнува Светиот оган. Овој оган од Светиот гроб се пренесува по Светата Земја и ги осветлува сите домови. На денот на великата новозаветна жртва Сонцето на правдата – Христос, го разгорува Светиот оган. Овој празник е востановен со чудото во времето на патријархот Наркисос, кога во недостиг од масло кандилата биле налеани со вода и запалени од оган кој чудесно слегол од небото и за време на пасхалната служба горел како под масло. Древните христијански сведоштва говорат дека незгасливиот оган се чува на Светиот гроб од раните времиња на христијанството. На бдението пред Пасха (Воскресение) во Црквите ширум Православието Епископот, бидејќи е на местото и во образот Христов, самиот ги благословува и ги пали кандилата, а сите други земаат светлина од неговата свеќа.  

 

 

Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 115)

Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден на седмицата, дојдоа Марија Магдалина и другата Марија да го видат гробот. И ете, стана голем потрес: ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него; лицето му беше како молња, а алиштата - бели како снег; а стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви. Ангелот се обрна кон жените и им рече: „Не бојте се; знам дека Го барате Исуса распнатиот; не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, па отидете бргу и кажете им на учениците Негови, дека Он воскресна од мртвите. И ете, ќе отиде пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.“ И како излегоа брзо од гробот, тие со страв и голема радост отрчаа да им соопштат на учениците Негови. Кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус ги пресретна и рече: „Радувајте се!“ А тие се приближија, ги опфатија нозете Негови и Му се поклонија. Тогаш Исус им кажа: „Не бојте се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“ Кога одеа тие, ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало. И тие, кога се собраа со старешините и направија совет, им дадоа многу пари на војниците, велејќи: „Кажете, дека учениците Негови дојдоа и Го украдоа, кога ние спиевме; и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го смириме и ќе направиме и вам ништо да не ви се случи.“ А тие ги зедоа парите и направија, како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес. А единаесетте ученици отидоа во Галилеја, во гората, каде што им беше заповедал Исус; па, штом Го видоа, Му се поклонија; а некои се сомневаа. А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!“

Свети Игнатиј Брјанчанинов

Секое духовно делување, бидејќи дар Божји во нас, неизоставно бара наше самоприсилување: зашто присилата е дејствително пројавување и сведоштво на нашата добра волја. Присилата е особено нужна тогаш кога поради паднатата природа или поради злото делување на бесовите, во нас се пројавува некаков гревовен стремеж или немир. Тогаш е неопходно плачните зборови на молитвата да се кажат малку гласно… Oсобено на почетокот на подвигот, уште пред да се стекне плач на духот, зборовите на молитвата треба да се изговараат со плачен глас, за душата која заспала во смртен сон од гревовно пијанство, да се разбуди на гласот од плачот, и сама да го доживее чувството на плач.

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

03/10/2025 - петок

Св.етиот великомаченик Евстатиј Плакида; Св. кнез Михаил и Теодор бојаринот; Преп. маченик Иларион; Св.е исповедници Aнастасиј и Aнастасиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов апостол Кодрат  4 октомври/21 септември  2025

Тропар на св. Христов апостол Кодрат 4 октомври/21 септември 2025

Светлината Христова преку тебе о Апостоле Кодрате,го посрами мудрувањето елинско,но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по...

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември   2025

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември 2025

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителотваш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие.Единиот жив ковчег на благодатта...

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт  2 октомври/19 септември 2025

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт 2 октомври/19 септември 2025

Во Троица славениот Бог,тројцата маченици ги прослави,Трофим, и Саватија и Доримедонт:

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная