Скопје, 28 март 2010 год- Соборен храм на св. Климент Охридски
Кондак, самогласен, глас 6: На небесата носен на престолот, а на земјата - на осле, Христе Боже, си ја примил похвалата од ангелите и песната од децата, кои Ти викаат: Благословен си Ти, Кој доаѓаш да го повикаш Адама.
Денес, на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, Неговото Блаженсво Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенството од Скопската епархија отслужи Божествена Литургија во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје. Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.На крајот од Светата Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, се обрати со пригодна беседа за денешниот голем христијански празник - Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим - Цветници, и како верен пастир на своето духовно стадо, укажа на неопходноста од спасителнотo следење на патот на нашиот Господ Исус Христос
Лето Господово 2010