Кондак, глас 2. Подобен: Барајќи ги горните:
Христос е радоста на сите, вистина, светлина, живот и воскресение на светот, Кој со Својата добрина им се јави на луѓето и стана образец за воскресение, на сите давајќи им божествено проштевање.
Икос: Создателот на сите им предвести на Учени-ците, велејќи: Браќа и знаени, нашиот пријател заспа, - со тоа предвестувајќи и учејќи дека знаеш се, како Создател на сите. Затоа да отидеме и да го видиме необичното погребение и Марииното редење, и Лазаревиот гроб ќе го видиме, оти таму сакам да направам чудо, правејќи почеток на крстот и на сите давајќи им прошка божествена.
Лазарева сабота
На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, во она време извршено од Богочовекот Исус Христос. Како што сведочи Светото Евангелие, овој настан бил многу непосредно (или шест дена) пред предавството и убиството на Исус Христос на Голгота. Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци и постана камен на сопнување за мнозина. Но оттогаш мнозина и поверуваа во Него како во Спасител. Некои богослови особено ја растолкуваа човечката и Божествената природа Христова кај Лазаровото воскресение, велејќи дека Господ плачеше пред гробот на Лазар заради Својата човечка љубов кон него како мил пријател, а го воскресна со Својата Божествена сила како Бог