Денес, на Православниот Богословски факултет “Св. Климент Охридски“ во Скопје, во 13 часот, беше одржана промоција на книгата “Св. Апостол Павле и Македонија“ од проф.д-р протоѓакон Ратомир Гроздановски.
Книгата ја промовираа проф.д-р. Јован Белчовски и проф.д-р. Ѓоко Ѓорѓевски. Промоцијата се одржа во свечената сала која го носи името на Архиепископот Доситеј, а беа присутни Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот преспанско-пелагониски господин Петар, потоа Неговото Високопреосвештенство Митрополитот повардарски г. Агатангел, професори на Богословскиот факулте, претседателот на Комисијата за верски прашања ,. претставници од Исламската Верска Заедница, претставници од Римокатоличката Црква и голем број студенти, свештеници и мирјани.
Оваа извонредна книга може да се купи по сосема пристапна цена(400 ден.) на Богословскиот факултет во Скопје. Наскоро ќе се најде и на другите продажни места во градот и Републиката.
Кон делото- “Светиот апостол Павле и’ Македонија”
Фото: Марјан Нилоловски/ К.Т.
Посети:{moshits}