Во третата Недла од Велигденскиот пост, на ден 07.03.2010 година, која е посветена на Светиот крст (Крстопоклона), во Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа, посветен на Свети Наум Охридскиот – Чудотворец,во Малме – Шведска, со Света Божествена Литургија на св. Василие Велики, чиноначалствувана од страна на парохискиот свештеник во црковнта општина, прота-ставрофор Блажо Кожарски, се одбележа молитвено еден мал јубилеј, дваесет и пет години пастирска дејност нанашиот почитуван отец Блажо во нашата црковна општина.
Членовите на црковниот управен одбор и верниците со свои зборови искажаа благодарност на нашиот отец Блажо и неговото семејство за неговата непрестана работа и активнос во делото на Светата наша црква, посакувајки да таа активност продолжи и понатаму. Господ Бог да му подари здравје и сила за да може уште многу години да му Богослужи на Бога и на својот народ.
Дирнат од убавите зборови и вниманието кое му беше изкажано, прота-ставрофор Блажо Кожарски заблагодари на сите кои заедно со него во овие изминати дваесет и пет години се вградија во заедничкото дело на Светата црква.
Во четвртата недела од Велиденскиот пост, на ден 14.03.2010 година, со Света Божествена литургија на Свети Василие Велики, служена во Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа, Свети Наум Охридски – Чудоворец , во Малме – Шведска, нашиот парохиски свештеник, прота-ставрофор Блажо Кожарски го прослави својот педест годишен роденден.
По Светата литургија, во чест на родендент, семејството на почитуваниот о.Блажо припеди отворен приме во црковните простории.
На приемот покрај верниците од МПЦО „Св. Наум Охридски“ – Малме, присуствуваа: Парохискиот свештеник на Српската Православна Црква во Малме прота Милан Гардовиќ со сопругата, преставници на Шведската црква од Малме, од Македонската Православна Епархија за Европа потпреседателот на Епархиското Собрание Васко Шопов, преставници од МПЦО „Св.Климент Охридски“- Копенхаген –Дански и МПЦО „Св.Ѓорги Кратовски“ – Хамбург – Германија, како и други почитувачи на нашиот свештеник.
На многу години оче прото, честит педесети роденден.
Фото и текст: Никита