На денот кога светата Божја Црква ги празнува Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во скопската Црква св. Петка во населба Црниче беше отслужена света Божествена Литургија.
Верниот народ се причести со светите Христови Тајни.
Презвитер Томе во својата беседа, меѓу другото, особен акцент стави на љубовта кон ближните. Таа треба да биде саможртвена како љубовта на Христа, Кој не засакал, онакви какви што сме.
Без оглед дали сме свештеници, доктори, учени или неуки, сите ние сме повикани да му помагаме и да го сакаме нашиот ближен, и на секој негов повик и потреба, постојано да одговораме љубовно и саможртвено.
По Литургијата се благословија и прекршиа славските колачи.
Посети:{moshits}