Во Руската Православна Црква „Покров на Пресвета Богородица“ во Чикаго, празнувањето на триумфот на Православието над сите лажни учења и ереси започна Саботата навечер со прекрасно свечено Бдение.
Во Неделата, после читањето на Часовите, беше отслужена Света Архиерејска Василева Литургија, со која чиноначалствуваше епископот Кливландски Петар.
Храмот беше преполн со верници! Кога настапи моментот на Причестување, многубројните причасници во недогледни колони се причестуваа од две Свети Чаши.
На крајот од Литургијата се отслужи посебно Молебно пеење, и „Чин на Православие“ кој традиционално се служи претежно во Катедралните Цркви пред иконите на Спасителот и Пресветата Богомајка. Оваа Руска Црква е една од ретките, посебно овде во Америка, во која ова Боголужение сеуште е задржано.
Многу беше посебен делот кога протоѓаконот излезе пред Олтарот пеејќи „Кој бог е велик како нашиот Бог, Ти си Бог Кој твори чудеса, Единствен!“, и започна со читање ( и тоа на специфичен, традиционален начин) на Прокламацијата од Седмиот Вселенски Собор.
Силни беа зборовите:
Ова е Верата на Апостолите!
Ова е Верата на Оците!
Ова е Верата на Православните!
Ова е Верата што ја утврди Вселената!
Се читаа и возгласи за Вечен помен на починатите Православни браќа и сестри во Христа, како и Многолетствие за сите Православни Христијани. Исто, се читаа и возгласи на Анатема за сите кои и наштетуват на нашата Света Православна Вера.
Владиката Петар им се обрати на верниците со следниве зборови:
На овој ден се служи посебен Молебен во кој Го замолуваме Господа нас да не сочува во Светото Православие, а оние кои отстапиле од Православието, да ги врати во Својата Света Црква. Во Катедралните Храмови каде што служи Архиереј, се присоединува и Чинот на Православие. Во него, Црквата го истакнува Православното учење со својата зацртана граница, а тие што ја преминуваат таа граница, Црквата ги предупредува и возгласува Анатема. Некои неправилно го толкуваат овој збор мислејќи дека означува фрлање на проклетие. Не – Црквата никого не го проколнува. Црквата само ги предупредува оние луѓе кои ја преминале границата и не сакаат да се вратат назад. Анатема значи одлачување – тие ја преминале границата. Црквата само ги повикува да се вратат, а судот е оставен на Бога.
На самиот крај од Богослужбата, владиката заврши со зборовите:
Нека ни е честит Празникот Торжество на Православието и нека ни помогне Бог да ја подражаваме нашата Православна вера и не само да се нарекуваме Православни, но и да живееме онака како што не учи нашата Света Црква!
Вечнаја Памјат {mp3}VecnajaPamjat{/mp3}
{mp3}Protogjakon{/mp3}
Многаја лета {mp3}MnogajaLeta{/mp3}
Тропар на Православна Недела {mp3}Tropar_na_Pravoslavna_Nedela{/mp3}