Лето Господово 2010 год- Манастирска црква на св. в.мч. Георгиј Победоносец - Криви Дол, Скопје
На 06-07/25-недела-Месопусна,кога Светата Црква го слави споменот на св.Григориј Богослов и св. Владимир Киевски, во храмот на св.вмч. Георгиј во Криви Дол, во Скопје, се отслужи бдение со Божествена Литургија.
Свет, Свет, Свет е Господ Саваот!
Светите мошти на св. Серафим Саровски пристигнаа во Скопје
Оној кој живее свет живот, умира со света смрт! Тагата по вистинскиот живот е онаа која не е од овој свет. Тоа е свет во кој нема болка, туку вечна радост и духобно битисување на Троичниот Бог.
И во ова 2010 –то Лето Господово, Бог ни даде нова радост, духовна поткрепа и бескрајна благодат. На 07.02 по благоволението на нашиот духовен отец Партениј и со благослов на блажениот Aрхиепископ наш отец Стефан, светите мошти на милиот ни преподобен св. Серафим Саровски пристигнаа во Скопје на поклонение.
Од богословијата светите мошти заминаа во црквата св. великомаченик Георгиј во Кривидол.
Таму се служеше сеноќно бдение. Црквата беше полна со народ, при што и наворешните врати беа отворени. И таму целиот народ беше помазан со масло од кандилото кое стоеше покрај светите мошти...Пред светите мошти се поклони и Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Македонски г.г. Стефан.
По завршувањето на бдението, во 04 часот наутро светите мошти повторно беа донесени во параклисот на Богословијата и престојуваа до 07 часот наутро.
Благодат се изли и врз Скопје (1) (06.02.2010)
Известуваат:
- учениците од МПБ
- сестрите од манастирот во Рајчица
Друго:
Св.Серафим Саровски - МАЈКАТА БОЖЈА - РАНА НА ДЕМОНИТЕ
Св.Серафим Саровски - ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ (3)
Св.Серафим Саровски - ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ (2)