17 декември 2009 год- храм на св. Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 100)
Рече Господ во приказна: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си отиде на подолго време. А подоцна испрати кај лозарите еден слуга, за да му дадат од плодовите на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен. И прати одново друг слуга: но тие и него го натепаа и го понизија, па го испратија празен. Испрати и трет, а тие и него го ранија и го испадија. Тогаш господарот на лозјето рече: ,Што да направам? Ќе го испратам својот сакан син; можеби, кога ќе го видат, ќе се засрамат.’ Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа меѓу себе, велејќи: ,Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!’ И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние, што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“ Но Он, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ,Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот?’ Секој што падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој падне, ќе го здроби.“
Во храмот на св. Петка во Скопје, во дваесети осмата недела по Педесетница, на денот на светата великомаченичка Варвара и свети Јован Дамаскин, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.