логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Чудесната појава на Архангелот на гората Атонска, која некогаш се случи, беше видение божествено со кое се прослави сеопеаното име Твое, Марие Богородице, и сите верни се научија ангелоподобно да Те опеваат, Тебе почесна од Херувимите и пославна од Серафимите, Мајка на нашиот Бог, поради Која се радува сета твар и родот човечки благодарствено Му вокликнува на Господа: Алилуја!

(Акатист во чест на чудотворната икона на Мајката Божја наречена Достојно ест)

 

Прекрасни се Твоите тајни Богородице, зашто Ти на чудесен начин им се јавуваш на сите оние кои Те почитуваат и искрено Те љубат. И Ти, самата, со својот живот сведочиш за големите чудеса Божји, кои врз Тебе се исполниле, затоа што си била достоен храм на Светиот Дух. Пребивајќи во постојана молитва и смирение, Си се удостоила да Го родиш Началникот на нашето спасение и како Мајка на Синот Божји, имаш голема слобода пред Него да се застапуваш за нас грешниците. Твоето нежно мајчинско срце никогаш не нè заборава и топло сочувствува со нас во неволјите,  закрилувајќи нè со Твоите искрени молитви... На Твоето застапништво се надевале и царевите и благородниците, мачениците и светителите, монасите и верниот народ кој секогаш притекнува кон твојата заштита, како кон Вистинска Мајка на овоплотеното Божјо Слово.

Бидејќи нè возљуби како свои чеда, и потполно се предаде на служба за целиот човечки род, постојано посредувајќи пред престолот на Својот Син за нас луѓето, Пресвета Богородица е секогаш присутна  во нашиот живот, но Нејзиното присуство особено силно се чувствува на Света Гора, каде се наоѓаат безброј Нејзини чудотворни икони. Преку нив, Пресветата прави многу чуда и исцеленија, помагајќи им како на монасите, така и на верниците, кои неуморно и секојдневно ја посетуваат Нејзината светогорска градина, со цел обилно да се насладат од духовниот нектар што светогорските манастири, како благомирисни кринови постојано го шират.  

И како што сè во животот на Богородица било одраз на чудесната промисла Божја, така е чудесен и неискажлив начинот на кој многубројните Нејзини чудотворни икони се појавиле на Света Гора. Светогорските монаси зачувале во својата богата традиција многу преданија за чудотворните икони на Богомајката, но секако највпечатливо е преданието токму за познатата и една од најстарите чудотоврни икони, наречена „Достојно Ест“, која и ден денес се наоѓа во храмот посветен на Успение на Мајката Божја, во Кареа.

Имено, според преданието, некаде кон крајот на Х век, недалеку од Карејскиот манастир, живеел во испосница некој светогорски старец со својот послушник. Еднаш старецот се упатил во блискиот манастир на бдение, оставајќи го послушникот сам во келијата. Таа ноќ на послушникот му дошол некаков необичен монах. Тој му се придружил на послушникот во сеноќната молитва кон Бога. Но кога дошол моментот да се возвеличи Пречистата, со познатата химна „Почесна од херувимите...”, непознатиот монах посочил дека кај него најпрво ја пеат песната „Достојно ест” и со прекрасен, умилителен глас му ја испеал на послушникот таа песна, а за сето тоа време иконата на Богородица блескала со некаква небесна светлина. На молба на послушникот, непознатиот гостин со прст му ја врежал оваа песна на камена плоча, која под неговите чудотворни раце станала мека како восок. Потоа исчезнал ненадејно со блесок, оставајќи завет од тој момент па натаму така да се велича Богомајката. Дури тогаш послушникот сфатил дека неговиот необичен посетител бил архангел Гаврил. Подоцна камената плоча со врежаниот натпис била однесена во Константинопол, а иконата била пренесена во Карејскиот храм, каде и денес ги восхитува бројните посетители на Богородичната Градина.

Поради големата љубов и почит која Бигорските монаси ја имаат кон Пресвета Богородица, игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј го ангажира познатиот зограф Јоанис Ксантакис да изработи веродостојна копија на познатата чудотворна икона на Богородица наречена „Достојно ест”, која, подобно на оригиналот, потоа беше украсена со сребрен оков, изработен во најпознатата православна работилница за сребро. Отците потоа ја посетија Света гора, сакајќи таму, на оригиналната, чудотворна икона во Кареа, да ја осветат оваа веродостојна копија, наменета да го краси светиот Бигорски храм. Иако отците имаа намера иконата да ја осветат еден ден порано, сакајќи за празникот на Пречистата да бидат веќе во Бигорскиот манастир, се покажа дека волјата на Мајката Божја била поинаква. Така, тие, наспроти планираното, пристигнаа на Света Гора токму спроти празникот Воведение на Пресвета Богородица. Очигледно, желбата на Богомајката беше Нејзината икона да биде воведена и осветена токму на денот на Нејзиното воведение во храмот. Таму иконата беше помазана со свето масло од кандилата што горат пред оригиналната икона „Достојно ест”. Потоа со литија таа беше пренесена до келијата на патерицата на Св. Сава и осветена на иконата Млекопитателница која се наоѓа во оваа келија. Најпосле, Мајката Божја промисли иконата да престојува во олтарот на Симонопетриската црква за време на сеноќното бдение.

Така, ете, на голема радост на игуменот, архимандрит Партениј, самата Мајка Божја си посака да ја благослови иконата и преку неа, Таа го пренесе благословот и на целата наша татковина, на благочестивиот народ, а особено на верниците, кои со големо нетрпение го очекуваа пристигањето на иконата во нашата земја.

  

 

А неизмерната љубов на монасите кон својата Мајка, приготви и достоен пречек за Царицата во Бигорскиот манастир. Со торжествени химни, и свечена литија, низ дожд од цветни латици, иконата беше воведена во Бигорскиот храм и поставена среде раскошен сплет од најубаво цвеќе, изложена за поклонение на верниот народ. Пријатен благомирис на темјан ја исполнуваше целата црква додека одекнуваа торжествените пофални стихови на Акатистот упатени кон Мајката Божја во чест на Нејзината икона „Достојно ест“, а многубројниот народ, кој од сите страни притекна за да се поклони на оваа икона, чувствувајќи го благодатното присуство на Пресветата, со најголема почит, искрени молитви и нејнежна љубов еднодушно Ѝ се обраќаше на најголемата Застапничка за луѓето пред Бога. И неодминливо беше чувството на радост и восхит што ги обземаше присутните, навестувајќи вистинско пасхално доживување, зашто очигледна беше благодатта која обилно се излеваше од иконата. 

Гледајќи го големото мнозинство на верници во храмот и трогнат заради достојниот пречек, игуменот вака се обрати до присутните:

„Ви благодарам на сите вас што дојдовте овде да Ѝ кажеме на Царицата Мајка едно достојно добредојде. Ние посакавме копија од познатата нејзина икона „Достојно ест” да биде во нашиот манастир, преку неа Богородица да го чува манастирот и целата нашата татковина, да проси милост за нашите црковни великодостојници и за нашите државници, да ги просветува, бидејќи Таа е мајка, а мајката секогаш го разбира, сострадува со своето дете и ги слуша неговите молби. Нека Пресвета Богородица ги слушне нашите молби и Нејзината света икона нека испрати голем благослов и како што преку Нејзината оригинална чудотворна икона на Света Гора Атонска, која што е полна со премногу благодат, Пресветата твори прекрасни чудеса, така нека твори и овде во нашиот манастир, нека го чува братството и сите православни христијани во нашата татковина.” 

Така, после големото искушение, Бигорското братство, па и целиот верен народ го почувствува доаѓањето на оваа икона како голема утеха од Мајката Божја и сигурен знак дека Таа е со нашиот народ во овие тешки времиња на испит.

Ѝ благодариме на Нашата Владичица што го удостои манастирот и целиот наш народ со својата благодатна посета и преку својата чудотворна икона ни остави залог дека вечно ќе нè закрилува со своите молитви.

  

 



   

 


Известуваaт: сестрите од манастирот во Рајчица

Посети: {moshits}

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

21/07/2026 - вторник

+Светиот великомаченик Прокопиј; Свети Прокопиј Јуродив; Преподобен Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2026

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2026

Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога,

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная