6 декември 2009 год.- храм на св. Јован Крстител, н. Капиштец, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 66)
Рече Господ во прказна: „На некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи: ,Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.’ Па рече - вака ќе направам: ,ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!’ Но Бог му рече: ,Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа, што си го приготвил, кому ќе му остане?’ Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога.“
Денес, во дваесет и шесттата недела по Педесетница, на празникот на свети Амфилохиј Икониски, свети Григориј, епископ Акрагантски, и свети Александар Невски, во храмот на св. Јован Крстител, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Скопје, на празникот на свети Амфилохиј Икониски, свети Григориј, епископ Акрагантски, и свети Александар Невски.