Воден од пастирска грижа за своите чеда, митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј вчера го посети Бигорското светилиште и беше запознаен со актуелната состојба во манастирот, текот на работите во врска со новиот конак - Источни палат, кој е во изградба и активностите преземени за заштита и санација на ѕидовите што останаа од некогашниот Горни палат. Митрополитот уште еднаш им ја изрази на монасите својата поддршка во овие мигови на искушенија за братството, како и своето задоволство од досегашниот брз напредок во изградбата.
Известува:
Братството на Бигорскиот манастир