На 26. 11. 2009 година, во Македонската православна архиепископија, Архиепископот Охридски и македонски г. г. Стефан ги прими членовите на медицинскиот хируршки тим од Воената болница во Скопје, кои деновиве треба да заминат на мисија во Авганистан.
Неговото блаженство ги благослови лекарите и им порача дека Црквата ќе се моли за нив, за успешно да ја извршат својата мисија и живи и здрави да се вратат во Татковината.
Кабинет на Поглаварот на
Македонската православна црква