ПСАЛМ 49
Вистинско богослужење
1 Бог над боговите, Господ, говори и ја повикува Земјата од сончевиот изгрев
до запад.
2 Од Сион, кој е врв на убавината, заблескува Бог;
3 доаѓа нашиот Бог, и нема да молчи; пред Него ќе има оган што проголтува,
околу Него бура.
4 Тој ќе ги повика небото горе и Земјата, за да му суди на Својот народ:
5 „Соберете ги кај Мене светиите Мои, кои Ми се заветуваа преку жртва!”
6 И небесата ќе ја огласат Неговата праведност, зашто Бог е судија.
7 „Чуј, народе Мој, и Јас ќе говорам, Израиле, ќе сведочам против тебе: Јас
сум Бог, Твој Бог.
8 нема да те прекорувам поради твоите жртви; твоите сепаленици секогаш
се пред Мене;
9 нема потреба да примам телци од твојот дом, ниту козли од стадата твои,
10 зашто Мои се сите горски ѕверови и добитокот по горите и говедата.
11 Ги познавам сите птици небески, и убавината на полињата е пред Мене,
12 ако огладнам, нема да ти кажам тебе, зашто Моја е вселената и с# што ја
исполнува.
13 Зар Јас јадам јунешко месо и пијам крв јарешка?
14 Принеси Му на Бога благодарствена жртва и исполнувај ги своите завети
пред Севишниот.
15 и повикај Ме во тежок ден; Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш.”
16 А на грешникот Бог му вели: „Зошто напамет ги кажуваш Моите одредби
и со уста го спомнуваш Мојот завет?”
17 А самиот ја мразиш поуката Моја и зад грб ги фрлаш зборовите Мои?
18 Кога ќе видиш крадец, се зближуваш со него и со прељубници се дружиш;
19 устата твоја е полна со злоба, и јазикот твој измами плете;
20 седиш и го клеветиш братот свој, синот на својата мајка го озборуваш.
21 Ти го изврши тоа, а јас молчев; ти си помисли дека Јас сум, каков што си
ти. Ќе те изобличам и ќе ти ги изнесам пред лицето твое гревовите твои.
22 Разберете го ова вие, кои Го заборавате Бога, за да не ве раскине, па тогаш
ќе нема избавител.
23 Кој принесува жртва благодарствена, тој Ме прославува, и кој го следи Мојот пат, нему ќе му го соопштам Божјото спасение.
„Ќе му пеам на Господа се додека постојам. “
Од преполнетото срце на Давида и другите псалмописци, се изли копнежот на секое срце човечко да заедничари со Бога да испроси од Бога прошка за согрешенијата, изливајќи го низ благопријатната песна своето покајание пред престолот Божји и од Сесилниот Господ да побара заштита од злото кое постојано го притиска.
Секоја Богобојажлива душа колку повеќе ги чита светите псалми се повеќе во неа се буди радоста која произлегува од посетата на Божјата благодат и се влева во неа мир и сигурност од закрилата на цврстата закрила Божја.
Господ наш Исус Христос ги посочува и како пророштва за она што стана со Него а заради нашето спасение /лк.24.44/.Светите Апостоли пак ги препорачуваат на верните за усовршување во верата/Еф.5.19/. Великите отци наши /св.Атанасиј Велики , св.Григориј Ниски , св. Јован Златоуст .../со голема радост говорат за нивната душеполезност во своите беседи и одговори на верниците за поуките од псалмите, препорачуваќи ги на верните што повеќе да ги читаат. Светата Црква поделуваќи ги во таканаречени катизми ги распоредила во богослужбениот неделен циклус со цел да се прочита целиот псалтир за една седмица, а за време на Великиот пост и два пати. За жал денес катизмите честпати се прескокнуваат на богослужбите од причини да се постигне во време и другите обврски да можат да се завршат, а ако се земе во обзир и тоа што во многу храмови не се служзи секојдневно/ да не бидам погрешно сватен ова најчесто се случува од практична па и финансиска невозможност/за да не се маргинизира псалтирот и верните да не се исклучат од големите дарови кои произлегуваат од неговото читање се препорачува на верните покрај молитвеното правило во своите молитви да го практикуваат и читањето на псалмите со голема богобојазливост за да нацрпат од овој благодатен извор многу дарови за своја душевна полза - за мир, утешение, здравје и спасение .Амин!
о. Горан Тасески
ПСАЛМИ
Вовед
Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.
Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.
Сто и шеснаесет псалми содржат пред-текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:
1. Химни, или славословија кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102-104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144-149.
2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95-98.
3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.
4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.
5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.
6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136
7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5-7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40-42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139-142.
8. Благодарствени псалми: 9-10, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.
Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26).
Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава. Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: 1. Пс. 1-40, 2. Пс. 41-71, 3. Пс. 72-88, 4. Пс. 89-105 и 5. Пс. 106-151.
Извор: БИБЛИЈА
Издавач: Библиско здружение на Р.Македонија