16 ноември 2009 год. - Скопје, храм на св.вмч. Георгиј
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 59)
Во она време на народот, што се собираше, почна Исус да му зборува: „Лукав е овој род; бара знаци, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона; зашто, како што Јона беше знак за Ниневијците, така и Синот Човечки ќе биде за овој род. Јужната царица ќе излезе на суд со луѓето од овој род и ќе ги осуди, оти таа дојде од крај земја да ја чуе мудроста на Соломона; а ете, тука е поголем од Соломона. И Ниневијците ќе излезат на суд со луѓето од овој род и ќе ги осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона. Никој, пак, не клава запалено светило на сокриено место, ниту под поклоп, туку на свеќник, за да ја видат светлината оние што влегуваат.
Во храмот на св. Георгиј, Кисела Вода, во Скопје, на 16 ноември 2009 год. , во дваесети четвртата недела по Педесетница, на денот на светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски и светиот великомаченик Георгиј, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Скопје, на денот на светиот великомаченик Георгиј
Друго:
денарска жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола
девизна жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22
Телефони за донација:
070 / 075 / 077 143 444