14 ноември 2009 год.
Во храмот на св.Козма и Дамјан, во населбата Автокоманда, во Скопје, на 14 ноември 2009 год. , во дваесети третата недела по Педесетница, на денот на светите Козма и Дамјан , се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 36)
Никој, кога запали свеќа, не ја поклопува со сад, ниту ја става под одар, туку ја наместува на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат. Оти нема тајно, што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено, што не ќе се разбере и излезе на видело. Па, пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она, што мисли дека го има.“ Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да се приближат до Него поради народот. И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“ А Он им одговори и рече: „Мојата мајка и Моите браќа се оние, што го слушаат словото Божјо и го исполнуваат.“
Друго:
денарска жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола
девизна жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22
Телефони за донација:
070 / 075 / 077 143 444