Скопје, 12 ноември 2009 год.- Архиепископски соборен храм Св. Климент Охридски
Во Соборниот архиепископски храм „Св. Климент Охридски”, во Скопје, на 12 ноември 2009 година, во дваесет и третата недела по Педесетница, Архиепископски Црковно-народен Собор (АЦНС) започна со света архиерејска Литургија и призив на Светиот Дух. Со Божествената Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Американско- канадски г. Методиј, во солужение на Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион , бројното свештенство и монаштвото на МПЦ. По Литургијата се отслужи Призив на Светиот Дух, за успешна работа и одлуки на Архиепископски Црковно-народен Собор.
На Литиргијата присустваа: Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и Епископот Хераклејки г. Климент.