Протоереј Кирко Велински, парохиски свештеник, на споменденот, две години од трагичниот крај на македонскиот пеач Тоше Проески, одржа парастос во црквата "Св. Кирил и Методи" во Загреб.
За неизмерната болка што Тоше не е помеѓу нас, сведочеа многубројните верници на Македонската православна црковна општина "Св. Злата Мегленска" како и претставниците на Македонската амбасада во Р. Хрватска, Н. Екселенција г.Данчо Марковски, советникот при истата г.Ненад Милановиќ, познатиот пеач и пријател на нашио Тоше, г. Тони Цетински, г. Мирослав Рус, композитор, г.Мирослав Поповиќ, музички менаџер, и многубројните фанови на Тоше од цела Хрватска.
Нека ти е лесна Македонската земја, ангелу, кој толку многу ја сакаше!
Почивај во мир!
Господ да те помилува!
Од Зареб за Преминпортал:
Стојанка Тежак
Друго:
http://www.youtube.com/watch?v=sW8HdR_qp7E