9 октомври 2009 год- храмот на св. Петка, во Скопје
Тропар, глас2.
Апостоле Христов, возљубен од Бога, побрзај да ги избавиш луѓето беспомошни; Оној што те прими на своите гради, ќе те прими и кога за нас ќе Го помоли; Него моли Го, Богослове, да ја растера маглата на паганството, просејќи мир за нас и милост голема.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 14)
Во она време сите се восхитуваа на Неговите благодатни зборови, што излегуваа од устата Негова и велеа: „Не е ли Овој синот на Јосифа?“ А Он им рече: „Секој од вас сигурно ќе Ми приговори: ,Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она, што чувме дека се случило во Капернаум’.“ Па им рече: „Вистина ви велам: ниеден пророк не е мил во земјата своја. Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израилот, во деновите на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја; и при ниедна од нив не беше пратен Илија, но само кај вдовицата во Сарепта Сидонска; и мнозина беа лепрозни во Израилот, при пророкот Елисеј, и ниеден од нив не се очисти, освен Сириецот Нееман.“ А кога го чуја тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев; па како станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот од еден рид, каде што беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора. Но Он си помина меѓу нив и си отиде.
Во осумнаесеттата недела по Педесетницата, на денот на светиот апостол и евангелист Јован Богослов , во храмот на св.Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свети Јован Богослов, апостол и евангелист; Преподобен Нил Калабриски