Успеси и пофалби од Јубилејниот 35ти. по рет Американски, Канадски, Македонски Црковно Народен Собир. Домаќините при Македонската Православна црква Св. Петар и Павле од Краун Поинт, Индиана ја покажаа својата гордос и успех што ја створиле како храбри Македонски Христијани. Речено е дека сложните Македонски браќа и сестри можат чцуда да створат.
Специјален момент беше и за Прота Ристо Ристовски при Македонската Православна Црква Св. Богородица од Лос Ангелес, Калифорниа. Прота Ристо беше награден со највисокиот црковен чин за свештениците “СТАВРОФОР”. Неговата долга и достоинствена свештенска кариера, неговото црковно животно дело беше одбележано со најубави зборови од Неговото Високопреосвештенство Митрополит Американско – Канадски г. Методиј. Со црковниот чин се потврдува долгото религиозно искуство и љубов што Прота Ристо го изложува во неговите редовни свети Литургии. Членовите при МПЦ од Лос Ангелес му го честитаме новиот висок чин и да бидеме заедно долги години.
Црковната управа
МПЦ. Св. Богородица
Лос Ангелес, Калифорниа