25 септември 2009 год- храмот на св. Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 32)
Во она време, кога се беше собрал многу народ и немаше што да јадат, Исус ги повика учениците Свои и им рече: „Ми е жал за народот, оти три дена веќе стојат при Мене и нема што да јадат. Ако ги распуштам гладни по куќите нивни, ќе премалеат по патот, зашто некои дошле оддалеку.“ Учениците Му одговорија: „Од каде може човек сите овие да ги нахрани со леб, овде во пустињава?“ И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие одговорија: „Седум.“ Тогаш му заповеда на народот да поседне по земјата; па, откако ги зеде седумте лебови, заблагодари, ги раскрши и им ги даде на ученците Свои да ги разделат; и тие ги ставија пред народот. Имаа и малку риби; како ги благослови, заповеда да ги раздадат и нив. И јадеа, и се наситија; и кренаа седум кошници останати парчиња. А оние, што јадеа, беа околу четири илјади. И ги распушти. И веднаш влезе во кораб со учениците Свои и дојде во пределите Далманутски.
Во петнаесеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на светиот свештеномаченик Автоном, преподобен Даниил од Тасос, светите маченици Македониј, Татијан и Теодул , во храмот на св.Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Покајание е обнова на Крштението. Покајанието е завет со Бога дека ќе се води еден нов живот. Покајанието е извор на смирение. Покајанието е неотповикливо откажување од секоја желба за телесни добра. Покајанието е самоосудувачка мисла и грижа за себе без грижа за надворешните нешта. Покајанието е ќерќа на надежта, и одрекување на безнадежноста. Покајникот е осуденик којшто не е лишен од чест. Покајанието е помирување со Господа преку вршење добри дела спротивни на поранешните гревови. Покајанието е очистување на совеста. (Свети Јован Лествичник)
Свети Јован Лествичник
Во храмот на св. Петка, вероучителката Копчаревска Надица, во петоците по Светата Литургија, одржува часови по веронаука.
Посети: {moshits}