Псалм 7
Плачна Давидова песна што Му ја пеел на Господ
1 Господи, Боже мој, кај Тебе се засолнувам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави ме;
2 Зашто тие како лавови ќе ме зграбат, ќе ме влечат, а ќе нема кој да спасува.
3 Господи, Ббже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои;
4 ако зло им вратив на пријателите мои, или без причина сум ги ограбил непријателите,
5 нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот мој на земјава, душата во прав нека ми ја претвори. (Диапсалма).
6 Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите мои; стани, Господи, Ти Си одредил суд.
7 Нека се собере народен собир околу Тебе; и Ти издигни се над него високо.
8 Господ им суди на народите. Суди ми, Господи, според правдата моја и сноред невиноста моја.
9 Стави и крај на злобата на нечестивите, а праведниот зацврсти го, Ти, кој ги испитуваш фцата и бубрезите, праведен Боже.
10 Бог ми е штит, Тој ги спасува оние што се со чисти срца.
11 Бог е праведен судија, и секојдневно предупредува.
12 Ако не се покаете, Тој ќе го очисти Своето оружје, ќе го затегне Својот лак
и ќе го насочи,
13 и затега смртна стрела, а стрелите Свои ги вжарува.
14 И, ете, кај безбожникот се повеќе неправда, па се зачна злоба, а тоа роди беззаконие,
15 па си копа и ископа јама, и падна во јамата, што ја направи,
16 и злобата негова му падна на главата негова, а врз неа и насилството негово слезе.
17 Го прославувам Господа поради правдата Негова и Му пеам на името на Господ, Севишниот.