Darko
Голем грев за нас е сто го покануваме папата да дојде во Мкаедонија.Екуменизмот зазема големи размери во православниот свет,а ако го прифатиме папата да дојде,тоа ке знаци и од наса страна дека го искривуваме единсвеното христово уценје.
Господ Исус Христос нека ги умудри насите поглавари и епископи !!!!!!!
Име: Михаил
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Прашање: Јас сум млад православен христијанин и силно ја подржувам мојата вера. Во последните неколку месеци случајно стапив во контакт со лица кои тврдат дека веруваат во Бог, кои го прочитале Светото Писмо (наводно) и се обидуваат да ме трујат со нивните пропаганди дека треба само да се молиме на Исус, дека не треба да се молиме на Пресвета Богородица и на Светиите, бидејќи тие биле обични луѓе и никаде во Светото Писмо не пишувало дека треба да се молиме на нив, туку само онака да ги почитуваме а дека треба да се молиме само на Христос, бидејќи тој умрел за нас а светиите го дале нивниот живот за нивното спасение не за нашето. Исто така ги негираат и иконите и велат дека никаде во светото писмо не пишувало дека требало да се молиме на икони и дека тоа се измислици на свештените лица за да земаат повеќе пари и дека иконите не се во милост на Бог.
Знам дека сето ова не е точно, но не можам истото да го докажам бидејќи не сум доволно запознаен со нашата православна вера, ја немам читано библијата (освен неколку делови кои не ги баш разбирам на pravoslavie.by ) и затоа барам помош од вас - одговори на нивните глупости и измислици, одговори од Светото Писмо кои јас не можам да ги најдам но верувам вие би можеле, и со тоа да им докажам дека тие не се во право. Сакам да ми објасните повеќе за тоа зошто нивните тврдења се неточни, и доколку е можно да ми посочоите докази од Светото Писмо.
Ви Благодарам однапред.