Псалм 3
Надеж во Бога против сите непријатели
1Господи, колку многу се намножија противниците мои! Мнозина се креваат против мене;
2 мнозина велат за душата моја: нема помош за него во Бога! (Диапсалма).
3 Но Ти, Господи, си штит мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја.
4 Со гласот свој викам кон Господ, и Тој ме слуша од Својата света гора. (Диапсалма).
5 Легнувам, спијам и станувам, зашто Господ ме чува.
6 Не се плашам од многу илјади луѓе, од сите страни навалиле на мене.
7 Стани Господи! Спаси ме, Боже мој! Зашго Ти ги удираш по лице сите мои непријагели и им ги здробуваш забите на грешниците.
8 Од Господ е спасението. Твојот благослов нека биде врз народот Твој.
Слава: