логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Viena.malosvet.jpg

Viena.malosvet.jpg

Viena.malosvet.jpg

Во четринаесетта недела по Педесетница, кога Светата Црква празнува и во спомен на положувањето на појас на Пресвета Богородица и на свети Кипријан Картагински, во Виена, Р. Австрија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен изврши мало осветување на објектот во кој привремено додека не се изгради храмот посветен на „Св. Наум Охридски„ ќе се извршуваат богослужби за верниот македонски народ од Виена и цела Австрија. Објектот кој од сега ќе користи како храм посветен на свети Наум Охридски Чудотворец е придружен со уште еден објект кој се користи како сала за собирање на македонската заедница по завршувањето на богослужбите и други активности на црковната општина од Виена. Двата објекти се наоѓаат на земјиште во сопственост на Македонската православна црква, Европска епархија кое со благослов на Митрополитот г. Пимен е купено со средства и даренија на верниот македонски народ од МПЦО „Св. Наум Охридски„ од Виена, со особено неколкугодишно активно залагање на црковниот одбор од овој град предводен од претседателот господинот Димче Лазовски.
Овој голем ден за нашиот верен народ од Виена и Австрија започна со Света Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни, а потоа продолжи со заедничко дружење на коктелот. На настанот присуствуваше и Н.Е. амбасадорот на Р. Македонија во Р. Австрија г-ѓа Весна Борозан.

 Viena.malosvet.jpg

 Во поздравното слово Митрополитот г. Пимен истакна трудот во Христа Богочовекот секогаш раѓа добар плод, а еден од тие плодови се и овие објекти сега  и на македонско земјиште во Виена, каде по молитвите на свети Наум и нашите молитви ќе никне во наредниве години и прекрасен храм посветен на нашиот охридски подвижник. Храмот и придружните објекти ќе бидат изградени во согласност со традицијата и преданието на црковната архитектура во Македонија. Но, најважнато истакна отец Пимен, е тоа дека не само да се радуваме за тоа што ќе се изгради храм, туку дека само со вистински молитвен и активен христијански живот што ќе се потврдува низ Светата Литургија која ќе се служи во овој храм, нашите имиња ќе бидат запишани на небесата. Митрополитот г. Пимен ги пренесе и поздравите од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за оваа радост на нашинците од Виена.
Овој радосен настан дојде во денот пред почетокот на Црковната нова година која со векови го осмислува и во Христа го осветува целиот живот на сите и на се. Амин!

 Viena.malosvet.jpg

Viena.malosvet.jpg

Viena.malosvet.jpg     Viena.malosvet.jpg

Viena.malosvet.jpg

Viena.malosvet.jpg

 Убавите настани ке продолжат со осветување и полагањје камен-темелник за времен храм “Св. Климент Охридски” - Берлин, како и главниот настан во Европската епархија за оваа година, осветувањје и положување камен-темелник за изградба на нов храм “Св. Никола” во Мајнц, Германија!

Viena.malosvet.jpg

Известува: ѓакон Горан Стојчевски

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

21/07/2026 - вторник

+Светиот великомаченик Прокопиј; Свети Прокопиј Јуродив; Преподобен Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2026

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2026

Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела. Таа од детството Му се посвети себеси на Бога,

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная