Псалм 2
Пророкување за царството на Синот Вожји и за победата над Неговите непријатели
1 Зошто се бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи?
2 Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господ и Неговиот Помазаник. (Диапсалма, евр. селах= пауза).
3 „Да ги раскинеме веригите нивни и да го отфрлиме од себе јаремот нивни."
4 оној, Кој живее на небесата, им се смее, Господ им се подбива.
5 Тогаш во гневот Свој ќе им говори и со јароста Своја ќе ги вџаши, велејќи:
6 „Јас си поставив Свој цар на Сион, на Мојата света гора!"
7за да ја објавам одлуката Господова: Господ Ми рече: „Ти си Мој Син, Јас денес Те родив." Дела 13,33; Евр 1, 5; 5,5.
8 И побарај од Мене, и ќе Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краиштата на земјата - во Твое владеење.
9 Ти ќе ги пасеш со железен жезол; ќе ги разбиваш како грнчарски сад.Откр.2,27.
10 И сега цареви, вразумете се; поучете се, судии земни!
11 Служете Му на Господ со страв и со трепет.
12 Почитувајте Го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не погинете; зашто Неговиот гнев брзо ќе се разгори. Блажени се сите, кои кај Него прибегнуваат.