логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 makrina.berovo.jpg

 

Кога станува збор за менталитетот на сопствените граѓани, Бугарија и Македонија се две многу слични балкански земји. Тоа е надалеку прочуениот балкански закоравен генотип на мачоизмот, каде што институциите на системот сè уште не можат до крај да ги преземат работите во свои раце. Овде не навлегувам во етичките импликации што се појавуваат како последица од механичката европеизација на тазе членките или на земјите изморени кандидати за членство. Иако Бугарија неодамна стана членка на ЕУ, минатата година беше казнета заради неправилно користење на средствата од т.н. европски пристапни фондови. Причината се вика корупција. Во Македонија ситуацијата на тој план е уште полоша, бидејќи нашиот влез во Унијата е дополнително искомплициран, заради проблемот со името. Овој феномен настана како последица од стравот на Грција дека ако влеземе во ЕУ ќе мора да плати најмалку 4000 милијарди евра како отштета за настраданите Македонци во нејзината граѓанска војна во 1948-мата година. Причината и тука се вика корупција. Само сакам да потсетам на една сериозна болест од која се зафатени нашите општества, а чијашто дијагноза ние сè уште одбиваме да ја прифатиме.

Кога во тажниот охридски настан од петти септември 2009г., ја бараме причината за несреќата, не е исправно (од православен аспект) да ја најдеме во Бог-а, што значи дека тезата пасторката на царот Ирод може да го принуди Бог да казни 15 невини луѓе, коишто наместо да одат на концертот, тргнале на една наивна пикторескна екскурзија, за мене е неодржлива.

Ставајќи ја Мадона на обвинителната клупа, со тоа посредно го осудуваме Христос, признавајќи дека несреќата била казна Божја. Според мене, тоа е догматски неисправно, бидејќи најгрубо речено, па дури и со јазикот на материјализмот, ако Бог е Љубов (св. Јован Богослов), Тој, дури и да казнува, неговата казна не може да биде смртта на луѓето. Ако се согласите со ова, причината за несреќата ќе ја барате во:
- лошата организација на екскурзијата (од бг страна)
- претовареноста на бродот и неговата дотраеност (од мк страна)
- немањето соодветна инфраструктура за потребите на туризмот (од двете страни)

Генезата е многу подлабока и поширока.
Во најмала рака, не е доволно да се рече дека зад толку лесно пронајдениот виновник за злосреќната охридска екскурзија стои обичното човечко лицемерие, коешто секогаш вината за казните што ги снаоѓаат другите му ги импутира на некој трет.

Ако вистински и искрено сакаме да лоцираме одговорност, прстот на „осудата“ ќе биде насочен кон нас самите. Нашето лично покајание е единствениот соодветен одговор на бесконечната Љубов Божја, којашто светот не ја позна, ја осуди и ја распна. Јас сум дел од тој свет. Моите гласни размислувања се само еден обид за приклонување кон логиката на љубовта, којашто е посилна од стравот. Кој се плаши, подобро нека не мисли...

Сестра Макрина

Друго:

Сестра Макрина - Време е за нов Илинден   

 

Посети: {moshits}

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

« »

Најнови вести

Православен календар

31/08/2026 - понеделник

+Преподобен Јован Рилски; Светите маченици Флор и Лавр; Светиот свештеномаченик Емилијан епископ Тревиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Јоаким Осоговски  29 август/16 август  2026

Тропар на светиот Јоаким Осоговски 29 август/16 август 2026

Богоносен оче наш Јоакиме, си се јавил како жител на пустината, ангел во тело и чудотворец. Откако преку 

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Тропар на Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 28 август/ 15 август 2026

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како...

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Тропар на Преображението на Господ нашиот Исус Христос 19 август/6 август 2026

Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на Твоите ученици Твојата слава,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная