28 август 2009 год- храм Успение на Пресвета Богородица
Беседа :
(Произнесена на праникот на Ѕспение на Пресвета Богородица, во храмот посветен ан Рождеството на Пресвета БОгородица)
Денес, нашата света православна Црква одбележува многу голем ден, којшто е посветен на празникот Успение на Пресвета Богородица.
Човекољубивиот и Многумилостив Господ Бог наш, сакајќи да го ослободи човечкиот род од прародителскиот смртен грев, многупати му се јавуваше во Стариот завет на Својот избран народ, Израилот, ветувајќи дека ќе му испрати Спасител, и тоа од неговиот род, но доколку се држи според Законот Божји и ги исполнува заповедите Негови.
И навистина, така и направи. Пред двеилјади години на побожните родители Јоаким и Ана им подари чедо, која ја нарекоа Марија, бидејќи со солзи беше измолена од Бога. А таа девојка подоцна стана Мајка, на нашиот Господ Бог Исус Христос, Кој дојде на земјава како Син Божји, но во облик човечки, а не само како Бог, за луѓето полесно ги прифатат и исполнат Неговите заповеди и на тој начин да се спасуваат.
И така Божјиот завет се исполни преку пророштвото, бидејќи преку Пречистата Дева Марија Го испрати Спасителот на светот од лозата Давидова.
Определена за таа величествена служба од Севишниот уште од порано, таа така стана посредничка за помирување со Бога и за преоѓање од смрт во живот вечен. Па поради сето тоа таа стана најпочитуваната жена низ сите векови и по целата Селена.
А, бидејќи како Мајка претрпе силни потреси при распнувањето на нејзиниот син Исуса Христа, таа стана сожалива и на нашите маки и тешкотии во овој свет, па поради тоа и милозлива молителка и наша вечна заштитничка пред престолот на Севишниот Господ Бог.
Благочестиви христијани, на чудесен начин било рождеството на Пресвета Дева Марија, а исто така, и нејзиното воспитување. Но уште почудно било нејзиното успение по сеќавањето на Црквата (Светото предание) изразено во иконата на празникот и во Литургијата.
И светите отци и црковните учители, исто така, се натпреварувале како најживо да го престават тој чудесен чин; додека, пак, похвалите и акатистите посветени на Пресвета Дева Марија - преставуваат бисер на црковната поезија.
И затоа ни едно друго име од човек, не е толку многу спомнувано, како во земјата, така исто, и во небесната Црква.
На денешен ден, Таа се упокоила какошто и сите луѓе се упокојуваат. Но, кога Апостолите ја испратиле и сохраниле како носи редот, на погребението отсуствувал светиот апостол Тома, тоа било Божја промисла за да се открие уште една тајна на Света Богородица. Третиот ден доаѓа и тој, и посакал да го целива телото на Светата Пречиста. Но, кога апостолате го отвориле гробот ја нашле само плаштаницата со која била обвиткана, додека телото не било во гробот. Таа вечер таа се јавила на апостолате - и им рекла: “Радувајте се, јас сум со вас за секогаш!”
Ете така, прва после Господа Христа, Света Богородица, Божјата Мајка и наша мајка, беше ја доживеала таа најголема радост, вознесувајќи се во тело по примерот на нејзиниот Син. Така се потврдило она, што Господ Бог беше воскреснал со телото Свое, за да покаже дека и ние ќе воскреснеме на Судниот ден. И, тоа е уште еден показ за вистинскиот пат кој го врвиме, патот до побожноста.
Благочестиви христијани, го чувте денес светото Евангелие и приказната во него за двете Марии - сестрите на Лазара.
“Кога Господ еднаш дошол кај својот пријател Лазар, во домот на неговите две сестри, како и секогаш посакал да им позборува за Царството Божјо. Тогаш помладата сестра Марија седнала покрај нозете Исусови и внимателно ги слушала зборовите Негови. А Марта постарата сестра, како домакинка беше се растрчала околу гостопримството на Спасителот. И, така брзајќи Марта ... рече: “Господи речи $ на мојата сестра да ми помогне. Ете, јас сум во голема работа”. А Тој $ рече: “Марто, Марто, ти се грижиш за многу работи, ама само едно е потребно!”.
Тоа е - што? Човек да се се држи до Законот Божји и ги исполнува заповедите Негови. Бог бара од нас да ја исполнуваме волјата на Отецот како да е Негова сопствена волја, тоа значат зборовите: “Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен” (Мат 5,48). Ете тоа се бара, а “Марија го избра добриот дел”, рече Сапсителот, оти тоа е потребно за спасение.
Но, зошто се отклонивме за момент со двете Марии, пријателките на Мајката Божја. Тоа е затоа, за да покажеме дека Богородица, исполнувајќи го Законот и заповедите Божји стана првата обожена личност, но не беше сама, по неа тргнаа и многу други богобојазливи жени, како што беа и сестрите Лазареви. Тој е, браќа, и нашиот пат на подобието.
Денешниот празник е полн со сила Божја, полн со благодат Божја, благодат која му е потребна на секому од нас, за да можеме да се држиме до Законот и заповедите Господови, како предуслов за лично обожување. Исполнувајќи ги заповедите Христови и, очистувајќи се од гревовите, така ни се отвораат вратите што водат кон единството со Бога. Само во Христа и преку Христа, секој еден може да стаса до сопственото спасение. Ете, затоа ние $ се умилкуваме на Неговата Мајка и наша мајка.
Па да се радуваме, браќа, и ние за овој непроценлив дар од Господа, упатувајќи сесрдни молитви и на Пречистата Дева Марија, која е со поголема чест од херувимите и неизмерно пославна од серафимите, мајката на Спасителот наш.
Да ја молиме и денес, независно по кој пат, за да се застапи пред Господа, притекнувајќи секогаш во нашите страдања и, лекувајќи болести, растурајќи искушенија и разноразни напади од лукавиот. Па така нека не удостои да се причестиме, со светите Тајни, измирувајќи се на тој начин со Бога и Црквата Негова, та да бидеме наречени уште и синови Негови. Амин!
Посети: {moshits}