Божествен плод на Радовиш,
голема пофалба на Солун,
си се покажал, новомаченику Спасо;
храбро си Го исповедал Господа
и заради Него си ја пролеал својата крв.
Затоа моли Го Бога
да им подари на оние кои те слават,
непрестаен мир
и голема милост.
Македонска Православна Црква- Епархија Брегалничка
21.08.2009 год. - храм Света Троица, Радовиш
Божествена Литургија
Во единаесеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на преподобен Григориј Синаит, светите маченици Тријандафил и Анастасиј( Спасо Радовишки), и светиот маченик Гормиздас , во храмот Света Троица, во Радовиш, Митрополитот Брегалнички г.Иларион во сослужение на свештенството на храмот отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата
По Светата Литургија, Митрополитот Иларион , отслужи молебен и го благослови почетокот на новата учебната година, за потоа свеченостите да продолжат, со свечена седница на Советот на опшината Радовиши и откривањето на плочата со новото име на плостадот “Св. Спасо Радовиски”. Со свечен концерт на етно групата “Синтезис” , заврши годинашнава програмата на прославувањето на св. Спасо Радовишки.
Подготвил: протоереј Гоце Младенов