Кондак, глас 7. Самогласен.
На гората си се преобразил, Христе Боже, и Твоите ученици ја видоа Твојата слава колку што поднесуваа; та, кога ќе Те видат како се распнуваш, да разберат дека Твоето страдање е доброволно, и на светот да му проповедаат дека си Ти, навистина, Светлината на Отецот.
Икос: Сганете, мрзливи, кои секогаш лежите на земјата, кренете се и издигнете се кон висините на Божјото вознесување; заедно со Петра и со синовите Зеведееви да
се искачиме на Таворската Гора, славата на нашиот Бог со нив да ја видиме, да го слушнеме гласот што тие го слушнаа од небото, и на светот му ја проповедаа Светлината на Отецот.
Во единаесеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на Преображението на Господ Исус Христос на Тавор , Неговото Блаженсво Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение Митрополитот Европсли г. Пимен , Митрополитот г. Горазд и бројното свештенство од Соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, отслужи Божествена Литургија. На Литругијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Архиепископот г. г. Стефан, денес, на празникот на Преображнието на Господ Исус Христос, го ракоположи во свештенички чин.ѓаконотЈован Кумевски, и професор во Македонската православна богословија.
По Литургијата
Посети:{moshits}
Друго:
Јубилејот на мати Воскресија ( 19. 08. 2007 г.)