логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Меѓународниот семинар за Македонски јазик, литература и култура

Отворање на семинарот
Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, проф. д-р Ацо Гиревски беше на отворањето на  Меѓународниот семинар за Македонски јазик, литература и култура, во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, што годинава се одржува од 10 – 27 август 2009 година во Охрид.

Aco.Prezid.RM.jpg

Работен дел
Проф. д-р Ацо Гиревски, беше учесник од Православниот богословски факултет, такашто на 17 август во 12,оо часот во Конгресната сала на Семинарот имаше свое предавање на тема „Македонскиот јазик во преводот на Библијата“, при што предизвика голем интерес, особено меѓу странските учесници, академици, професори и студенти, најмногу од Полска, Чешка и Русија, а имаше и од Хрватска, Словенија, Албанија,  Јапонија, Америка и од други земји.
Во својата студија, отецот Гиревски, меѓу другото истакна: дека „Македонскиот јазик е втемелен и во најчитаната книга над книгите Библијата, и тоа уште пред илјада години, тогаш како старословенски со македонско наречје од Солун и солунско и денес во новиот превод на Библијата како современ македонски книжевен јазик.
Токму затоа и двата историски настана во старата и новата македонска книжевност побудуваше и побудува не само богословски, јазички, туку сеопшт општествен интерес. Преводот на Библијата во секоја национална култура е важна и макотрпна работа, но и икона преку која се огледа односот на еден народ, во овој случај на македонскиот, кон религијата, кон сопствениот јазик и традицијата   како најголеми културни вредности. Ова дотолку повеќе што појавата на Библијата на современ македонски јазик е несомнено културен настан од првично значење не само за Македонската православна црква, туку се јавува и како неизбришлив тестамент што воопшто еден народ може да го има “.
Натаму, во својата студија професорот  Гиревски се осврна на четири принципиелни точки во врска со современиот превод на македонската Библија: на авторството, методологијата на преводот, употребата на Македонскиот јазик во преводот на Библијата и на крајот зборуваше за ревидираното издание на Библијата како континуитет на Првото целосно издание на Гавриловиот превод на Библијата на современ македонски литературен јазик.

Aco.Prezid.RM.jpg

По враќањето од Меѓународниот семинар за Македонски јазик, литература и култура во Охрид, каде проф. д-р Ацо Гиревски, актуелен декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје имаше свое предавање на тема „Македонскиот јазик во преводот на Библијата“,  го запрашавме каков е одзивот за упис на Православниот богословски факултет годинава. Го добивме следниот одговор: „Датумите на Конкурсот за упис на студенти во прва година го усогласивме со оној на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, чија придружна членка е Православниот богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, со цел да се пријават само оние кои однапред се определиле за овој Факулет и своевремено се подготвиле за приемниот испит. Вчера и денес во одделот за Студентски прашања се пријавила задоволителна бројка на кандидати од кои комисијата ќе изврши избор. Годинава имаме и двасетина матуранти од средното Богословско училиште кои, исто така, се кандидати, такашто веројатно годинава полесно ќе го пополниме потребниот број на нови студенти за студии во претстојната 2009/10 година“, меѓу другото рече Деканот на факултетот.

Aco.Prezid.RM.jpg

Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

18/07/2026 - сабота

Преп. Атанасиј Атонски; Преп. маченик Кипријан Нови; Преп. Лампад; Преподобномаченичка Елисавета Фјодоровна ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная