07 август 2009 год- храмот на св. Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 83)
Во она време кога наближија до Ерусалим и дојдоа до Витфагија, при Елеонската Гора, Исус испрати двајца ученици и им рече: „Отидете во селоно, што е наспроти вас, и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете Ми ги! А, ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека Му се потребни на Господа, и веднаш ќе ги прати.“ А сето тоа стана за да се исполни кажаното преку пророкот, кој вели: „Кажете ѝ на ќерката Сионова: ете, твојот Цар иде при тебе кроток, качен на ослица и осле, син на подјаремница.“ Учениците отидоа и направија така, како што им беше заповедал Исус: ги дотераа ослицата и ослето и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Он седна над нив. А мнозина од народот ги постилаа по патот облеките свои; други, пак, сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот; а народот, што врвеше пред Него и по Него, викаше велејќи: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Кој иде во името Господово! Осана на висините!“ И кога влезе во Ерусалим, целиот град се збуни, прашувајќи: „Кој е Овој?“ А народот одговараше: „Овој е Исус, пророкот од Назарет Галилејски.“ И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите, што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби, и им рече: „Напишано е: ,Домот Мој, дом за молитва ќе се нарече’, а вие го направивте како разбојничка пештера.“ И дојдоа при Него во храмот слепи и хроми, и Он ги излекува.
И кога ги остави, отиде надвор од градот, во Витанија, каде што преноќева. А утредента, враќајќи се во градот, огладне; и виде покрај патот смоква, отиде до неа; па како не најде на неа ништо освен лисја, рече: „Отсега да нема плод на тебе довека!“ И смоквата веднаш се исуши. Штом го видоа тоа, учениците се зачудија и рекоа: „Како веднаш се исуши смоквата!“
Божествена Литургија
Во деветтата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот света Ана, сета Олимпијада, ѓакониса и пеподобната девица Евпраксија во храмот на св. Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.