Литургија за упокоени
Во храмот посветен на Вознесението Христово, денес се отслужи четриеста Литургија за простување на гревовите и покој на душата на Протојереј- ставрофор Александар Стојковски, исклучителен свештеник и пастир на Македонската Православна Црква.
“Господ Бог да ги насели нивните души, таму, каде што почиваат праведниците“ – Господи помилуј(3 пати)
“ Милост Божја, Царство Небесно и простување на нивните гревови од Христа, бесмртниот Цар и Бог наш, просиме“ – подај Господи
“Боже на духовите и на секое тело, Којшто смртта си ја сотрел и си го уништил ѓаволот и на Твојот свет, живот си му дарувал; Самиот Ти Господи, упокој ги душите на Твоите раби, во место светло, во место цветно, во место на одмор, од каде што побегна секоја болка, тага и воздишка. Секој грев, направен со збор или дело или помисла, како благ и човекољубив Бог, прости, зашто нема човек да живее, а да не згреши. Ти единствен си без грев, Твојата правда е вечна правда, и Словото Твое е вистина.
Зашто Ти си воскресение и живот и покој на починатите раби Твои, Христе Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец и со пресветиот, благ и живототворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови“. – амин

Св. Јован Шангајски (Битолски)
Посети:{moshits}