31 јули 2009 год- храмот на св. Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 71)
Во она време го прашаа Исуса учениците Негови: „3ошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“ Исус им одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сè; но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија како што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.“ Тогаш учениците разбраа, дека Он им зборува за Јована Крстител. Кога дојдоа при народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често - во вода; го одведов при Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“ А Исус одговори и рече: „О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!“ И му нареди Исус на бесот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час.
Божествена Литургија
Во осмата недела по Педесетницана, на денот кога Светата Црква го слави споменот на светиот маченик Емилијан , во храмот на св. Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Посети: {moshits}