30 јули 2009 год- храмот на св. Петка, Скопје
Тропар, глас 4.
Овцата Твоја, Исусе, Марина со силен глас вика: Тебе, Младоженецу мој, Те љубам и, Тебе барајќи Те, се подвизувам и со Тебе се распнувам, и во Твоето крштение се погребувам, и заради Тебе страдам, та со Тебе и да царувам; и умирам за Тебе, за да живеам со Тебе. Но, како жртва непорочна, прими ме мене, која со љубов се жртвував за Тебе.По нејзините молитви, како Милостив, спаси ги душите наши.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 69)
Рече Господ на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене; зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде: оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа? Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој според делата негови. Вистина ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт дури не Го видат Синот Човечки како оди во царството Свое.“
Божествена Литургија
Во осмата недела по Педесетницана, на денот кога Светата Црква го слави споменот на светата маченичка Марина и преподобен Леонид Устнедумски , во храмот на св. Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Посети: {moshits}