19 јули 2009 год- храмот на св. Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 56)
Во она време, дојде Исус во татковината Своја и го поучуваше народот во синагогите нивни. И сите се чудеа и велеа „Од каде при Него ваква премудрост и сили? Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не се ли вика Марија, и браќата Негови - Јаков и Јосија, Симон и Јуда? И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа при Него?“ И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.“ И не изврши таму многу чудеса заради нивното неверување.
Божествена Литургија
Во седмата недела по Педесетницана, на денот кога Светата Црква го слави споменот на светата великомаченичка Недела и преподобен Тома Малеин , во храмот на св. Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Посети: {moshits}