логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Goran.Pro2.jpg

Goran.Pro3.jpg

 Во Кинотеката на Македонија, на 24. 06. 2009 година,  беше промовирана четвртата книга на режисерот Горан Тренчовски, насловена како „Парс про тото“. издание на книгоиздателството „Улис“ од Скопје. Книгата ја претставија филмскиот критичар Илинденка Петрушева, др. Васе Манчев и проф. др. Сашко Насев. Во книгата има есеи и огледи за седмата уметност, како и студија за краткиот игран и документарен филм.
Во рецензијата академик Митко Маџунков пишува за Тренчовски како за „интелигентен автор кој во своите книги ја преиспитува сопствената практика“.

Goran.Pro4.jpg   Goran.Pro5.jpg

Горан Тренчовски (1970) е режисер, основач и уметнички директор на Астерфест и претседател на Тивериополската филмска алијанса. Дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад. Режирал повеќе филмски и ТВ проекти како и низа театарски претстави. Работел како раководител на секторот за режисерско обликување во МТВ. Тренчовски има искуство и како продуцент и писател. Негови претходни книги се: Од питач до крал (1995), Орбис пиктус (2001) и Поетика на (де)тронизацијата (2004).

Goran.Pro6.jpg

 

ЗА ПАРС ПРО ТОТО

Goran.Pro7.jpgОваа книга е исклучителен труд за феноменологијата на краткиот филм. Токму кратката филмска форма е подрачје коешто е мошне податливо за истражување, и во таа насока Горан Тренчовски ја осмислува/режира книгата како целина составена од повеќе текстуални парчиња, умешно поврзани низ лајтмотивот Парс про тото. Со други зборови, ова е темелен прилог во создавањето студиозна скица за препознавањето на краткиот (игран и документарен) филмски субјект.
м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска

Книгите на Тренчовски се налик на неговата блескава театарска сцена, натопена со атмосфера, и на неговите кратки филмови за долго паметење. Добрите режисери имаат препознатлив ракопис, но создаваат различни филмови, како Тарковски или Кјубрик, на пример. Авторите кои се повторуваат се налик на повторувачите од училиштата. Буњуел има забележано дека би сакал да сними бакнеж, но под услов тоа да не е веќе снимено. Фактот дека повеќе нема филмови без бакнежи и јурење по улиците (со кола или пеш) го обезвредува поголемиот дел од филмската кинематографија. Да се занимаваш со краток филм, денес како и во зората на кинематографијата, значи да бидеш чесен. Вистина, и во филмовите на Мак Сенет или Чаплин има многу трчаница, но за да се стигне негде, а не за да се удри во ѕидот.
Горан Тренчовски е интелигентен автор кој во своите книги ја преиспитува сопствената пракса, загледан во професијата како во излог од кој демнат привиденија (не само кај Фриц Ланг). Во РАRЅ РRО TOTO тој е наднесен кад естетиката на краткиот филм тргнувајќи од гледиштето на Роман Јакобсон, кое е и мото и наслов на неговата книга. Таа естетика не се разликува многу од она што се појавува кај мене како прашање: „Може ли од трошките што паднале под софрата пак да се создаде лебот?" Создавањето на целината од составните делови не е едноставно нешто. Филмот е составен од сцени, сцените од секвенци, а секвенците од кадри. Секвенците треба да ја сугерираат идејата за целината, како што и таа треба да разбудува спомени за одредени кадри (по кои потоа ќе го помниме филмот). Книгата на Тренчовски се занимава со прашањето ка-ко да се стори тоа. Основниот проблем е што односот меѓу теоријата и живата пракса не е механички однос. Она што ги оживува телата е истото она што ги оживува и уметничките дела. Тоа не е обична „монтажа" меѓу деловите и целината. А што е тогаш? Можеби токму оној одамна снимен бакнеж по кој се уште мечтаеме.
акад. Митко Маџунков

Во проучувањето на секоја целина, во таа смисла и на целината на филмската уметност, пресудно значајно е квалитетното проучување на секој нејзин дел. Компетентниот филмски творец и проучувач Горан Тренчовски во оваа книга за предмет на своето истражувачко интересирање го има краткиот филм како дел на огромното филмското творештво. Користејќи го методот парс про тото, тој постигнува врвен квалитет во проучувањето на оваа материја.
д-р Васе Манчев

Goran.Pro8.jpg

Goran.Pro.jpg

Горан Тренчовски (1970) е еден од ретките млади интелектуалци кај нас кој својата креативност ја исполнува на неколку нивоа. Најпрво, Тренчовски на јавноста и е познат како театарски, телевизиски и филмски режисер, потоа како основач и организатор на фестивалот за краток и алтернативен филм во Струмица – „Астерфест“, и, најнакрај, како плоден писател кој во своите триесет и девет години веќе напишал четири релевантни книги што се однесуваат на драмската уметност и филмот.
Книгата што денес ја промовираме во Кинотеката на Република Македонија, ПАРС ПРО ТОТО, неговото најново дело иако на 156 странички е мошне амбициозен текст кој се однесува на феноменологијата на краткиот филм, кој пак, според самиот Тренчовски е „...идеолошки супстракт...и емоционален екстракт...“. Ваквиот став е нов за нас и ни ја потврдува амбицијата на овој амбициозен интелектуалец инспириран од Јакобсон, да изгради свој постмодерен, цитатен и акцтептирачки стил на пишување, што е секако значаен придонес за македонската филмологија.
Самото дело се осврнува и на значајни импресии од животот кој на Горан Тренчовски му овозможува да размислува за теми и личности како што биле Претседателот Борис Трајковски, актерот Ристо Шишков, или, пак, да пренесе полнокрвно значење на неговата љубопитност кон Семјуел Бекет версус родната Струмица, која за авторот е еден вид на културолошка парадигма. Тој на Струмица и посветува и еден синопсис во седум слики, по инспирација од Стојан Ковачев, а кој што го детерминира визави првите филмски проекции во овој град или пак настаните што реферираат на Првата светска војна.
ПАРС ПРО ТОТО, односно тоа парче за целото, е книга што е елоквентна и има апендикс и заклучоци на англиски јазик, а во неа е поместена и богата библиографија и 39 фотографии. Издавачот „Улис“ печател дело кое рефлектира со квалитет кој може да се најде на рафтовите на било која книжарница во модерниот свет.  Меѓудругото и заради ова, ние топло ја препорачуваме оваа книга не само на еснафот и стручната јавност, туку и на широката публика.
За крај, колку што ни е нам познато, иако не сме филмски хроничари или историчари, ПАРС ПРО ТОТО е прва книга посветена на краткиот филм во нашата културна средина, па и со тоа има една несекојдневна значност.

Goran.Pro.jpg

Д-р Сашко Насев

 

Посети: {moshits}

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная