24.06. 2009 год. - храмот на св. Петка, Скопје
Денес, на 24 јуни 2009 година, кога Светата Црква го слави споменот на светиот апостол Вартоломеј и светиот апостол Варнава, во храмот на света Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 36)
Рече Господ на Своите ученици: „Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби. Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите и по синагогите нивни ќе ве бијат. И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците. Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете; бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас. И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко - чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат; и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен.“
Старец Ефрем Филотејски
Молитвата е начинот со кој мошне тесно се соединуваме со Бог.
Посети: {moshits}