22.06. 2009 год. - храмот на св. Петка, Скопје
Денес, на 22 јуни 2009 година, кога Светата Црква го слави споменот на свети Кирил, архиепископ Александриски и свети Кирил Белоезерски во храмот на света Петка, во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 34)
Во она време, кога виде Исус многу народ, се сожали, зашто беа изморени и прснати како овци без пастир. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а работници малку; затоа помолете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.“ И кога ги повика Своите дванаесет ученици, им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и секаква немоќ. А имињата на дванаесетте апостоли се овие: првиот Симон, наречен Петар, и Андреј, брат негов; Јаков Зеведеев и Јован, братот негов; Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј митникот, Јаков Алфеев и Левиј, наречен Тадеј, Симон Кананит и Јуда Искариот, кој и Го предаде. Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте; а одете највеќе при загубените овци на Израилевиот дом. И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно; болни лекувајте, лепрозни очистувајте, мртви воскреснувајте, бесови изгонувајте! Бесплатно добивте, бесплатно давајте!“
Старец Софрониј
Нашиот пат е да се смируваме, да напредуваме постојано надолу. Само Бог може да нè подигне и да нè прослави