21 јуни 2009 год.- Манастир на св. Никола, с. Љубанци (скопско)
Манастирот на свети Никола во селото Љубанци (скопско) во празничните и деновите на викендите, најомилено место е за духовна поткрепа на младите од селото. Многу прашања и многу одговори може да се слушнат на тие средби, кои секогаш протекуваат полезно за нивните млади души.
Стариот конак кој е најчесто местото на средбите, забележително е руиниран, а сепак постојано се користи и веруваме дека еден ден ќе се реконструира и сочува неговата стара македонска архитектура.
Посети: {moshits}